Две малолетни лица од Шпанија на возраст од 16 години вчера биле приведени на скопскиот аеродром.
Тинејџерите кои патувале со своите родители се уапсени бидејќи при контролата на нивниот багаж се пронајдени и одземени пиротехнички средства.
„По инцидентот, настанот беше пријавен во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, како и до обвинител за малолетни лица. Беа дадени насоки за поднесување прекршочна пријава против малолетниците согласно Законот за експлозивни материи, додека со родителите ќе биде извршен информативен разговор“, информираат од МВР.
Полицијата продолжува со истрагата за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.