Двајца крадци уапсени на наплатна станица Тетово, украле „опел астра“

Двајца-крадци-уапсени-на-наплатна-станица-Тетово-украле-„опел-астра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 03.10 часот на наплатна станица Тетово, ги лишиле од слобода 38-годишниот Р.К. од Скопје 18-годишниот и О.А. од Кочани, кои претходно во Гостивар извршиле тешка кражба на патничко возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот И.И. од гостиварски Градец, извести МВР.


Возилото било паркирано на улица „Кеј братство единство“, со клучевите во брава, додаваат од МВР.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци, а возилото денеска ќе му биде вратено на неговиот сопственик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK