Пријави за девет каснувања од кучиња низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, од кои осум се од бездомни кучиња, стои во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи.
Во Полициската станица Драчево, ноќеска 30 минути по полноќ, А.Ј.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Киро Фетак“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Д.В.(59) од Скопје вчера во Полициската станица Гази Баба, пријавил дека на ул. „Јужноморавски бригади“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Осумдесет и едногодишната М.В. од Скопје синоќа пријавила во Полициската станица Ѓорче Петров дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје била касната од куче скитник.
Во Полициската станица Центар, А.Ц.(48) од кумановското село Тромеѓа, вчера пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.
Вчера во Полициската станица Карпош, Б.В.(69) од с.Бардовци, пријавила дека на ул.„6“ во с.Бардовци-скопско била касната од куче скитник.
Во Полициската станица Драчево, Е.М.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Кичевецот Ф.О.(50), вчера во полициска станица во Кичево пријави дека, на улицата „Магистрален пат“ бил каснат од куче скитник.
Во тетовската Полициска станица С.С.(66) од Тетово пријавила дека на ул.„Јован Ончевски“ била касната од куче скитник.
Во Билтенот регистриран е и еден случај на каснување од куче – домашен миленик. Шеесет и седумгодишниот А.Л.(67) од населбата Оризари-Кочанско вчера пријавил дека на 21.02.2024 околу 15.30 часот во населбата Оризари бил каснат од куче, сопственост на С.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.