Вчера во 13.20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 12.45 часот, при вршење на претрес на лица и простории во установата, притвореникот Д.С.(45) фрлил марихуана и бела прашкаста материја во канта за отпадоци, кои биле пронајдени и одземени.
Исто така, од него биле одземени шприц, ризли и други предмети.
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги подигнале дрогата и предметите за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.