Девојката која падна од балкон во Тетово била малтретирана од татко ѝ, соопшти полицијата


tetovo-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Малтретирана од татко ѝ била 19-годишната девојка која на 14 март падна од балкон во Тетово.


МВР соопшти дека таткото самиот се пријавил во полиција во текот на вчерашниот ден, по што со него бил извршен службен разговор.

„Полициските службеници утврдиле дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.“, велат од МВР.

Се додава дека, по насока на јавен обвинител, таткото е пуштен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Девојката со тешки повреди беше пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Според информациите на полицијата, таа паднала од балкон од куќата на нејзиниот дедо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK