Девојчето кое беше сексуално злоставувано од 81-годишник во Кисела Вода има само 9 години

337484949_3603490716552034_6153456077074329440_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деветгодишно е девојчето кое било сексуално злоставувано во скопската населба Кисела Вода од страна на 81-годишен сосед, објави Обвинителството.


Од тука информираа дека девојчето се обратило до пензионерот за услуга како негов сосед. Тој потоа, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал по телото.

Обвинителството бара притвор, поради постоење на опасност од бегство и можност да се повтори делото.

МВР вчера објави дека 81-годишниот скопјанец е со иницијали И.П. и е приведен. Тој во текот на денот бил изведен пред судија, кој му определил мерка куќен притвор во траење од еден месец.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK