Малолетник со мотоцикл удри во малолетничка од Струга.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 21 септември, околу 20 часот, на улицата ЈНА во Струга.
„Малолетник од селото Радолишта, Струшко, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетничка – пешак од Струга“, објави МВР.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на место на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.