Четириесет и тригодишниот Б.С. од тетовско Камењане, вчера во 20 часот и 30 минути тетовската полиција пријавил дека на 21-ви овој месец на излегување од училиште, неговиот малолетен син физички бил нападнат од неколку други малолетници.
Според пријавеното, едниот од напаѓачите во раката имал и остар предмет, велат од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.