Детали за драмата на пазарот во Битола: го избодел со нож по расправија за тезга


noz.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата објави детали за настанот на пазар во Битола во кој едно лице со кујнски нож избоде продавач на тезга во комплекс „Нов Пазар”.


Според информацијата на МВР, полицајците во комплекс „Нов Пазар” во  Битола го уапсиле К.С. (42) од Битола.

Имено, истиот ден Ј.С. (70) од Битола пријавил во полиција дека настанала расправија околу местоположба на тезга со А.Б. (55) од Битола, кој физички го нападнал.

Подоцна, според пријавеното, дошол и К.С. (42), син на Ј.С. и со остар предмет му нанел повреди на А.Б..

Со возило на Итна медицинска помош, А.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.С. за сторено кривично дело „обид за убиство“, а судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK