Осумнаесет годишно момче, двајца малолетници и маж користеле марихуана за време на музичка манифестација. Полицијата ги фати на дело.
„На 26.07.2024 во 23.00 часот, по преземени мерки и активности, на Градскиот стадион во Виница за време на одржување на музичка манифестација, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Г.Г.(44) од село Градец, виничко, а ги привеле С.Х.(18) од Виница и двајца малолетници од Виница и Струмица затоа што биле затекнати како користат марихуана. Со нив бил извршен службен разговор, во кој за малолетниците присуствувал и социјален работник од Центарот за социјална работа Виница“, информираа од полицијата.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.