Царинската управа: Запленети околу 71 килограм марихуана

marihuana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир, вчера во вечерните часови спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана.

– На 18.06.2023 година на граничниот премин Деве Баир на излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна на царинските службеници, во специјално направени бункери откриени се 67 пакети опојна дрога марихуана, со бруто тежина од 71 килограм, се наведува во соопштението Царинската управа.


Дрогата и возилото се привремено задржани, а од страна на Секторот за контрола и истраги од Царинската управа против лицата е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK