Синоќа во 20.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, кај крстосница пред РЕК Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(48) од Битола и товарно моторно возило „волво“ со албански национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Албанија.
Во несреќата, Г.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.