Бегалецот Дешo кој се бараше со потерница за „крвавиот четврток“ сам се предаде на „Деве Баир“

Претреси-во-Битола-пронајдена-дрога-лишени-од-слобода-две-лица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На Граничниот премин „Деве Баир“ денеска во 10.30 часот на влез во државава, се пријавил Д.Д. (43) од Скопје.


– При редовната пасошка контрола е констатирано дека евидира на стоп листата со мерка „лиши од слобода“ за кривично дело по член 313 од КЗ и за кој од страна на Основен суд Скопје 1 на 18.12.2017 е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода, појаснуваат од МВР.

Медиумите објавуваат дека Дејан Давидовски-Дешо, кој беше баран со меѓународна потерница за настаните во Собранието од 27 април, по седум години во бегство, на ГП „Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија се предал на македонските власти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK