Денеска во 13.10 часот во СВР Куманово, 74-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 денари.
Според пријавеното, лицето му понудило огревно дрво и, откако се договориле, му побарало пари за да го наполни камионот со гориво за да му ги донесе, но не се вратило.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.