Автомобил на бугарска фирма ограбен во Скопје, украдени лаптоп и 12.000 евра, фатени две лица

obvinitelstvo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопското обвинителство поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години за тешка кражба.


Двајцата на 10 јануари, на паркинг на булеварот Илинденска, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки. Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој.

Од автомобилот „БМВ“ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, по што избегале со сопствено возило, велаат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог со кој побара двајцата осомничени во текот на постапката да бидат обезбедени со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат на определено службено лице во Судот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK