Oколу 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“, бул.„Гоце Делчев“ и бул.„ВМРО“, Т.Т.(21) од Скопје, управувајќи патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот.
По несреќата, сопатниците Н.Л.Х.(20) и Н.С.(20), двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде на Н.Л.Х. му биле констатирани телесни повреди, а на Н.С. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.