Вчера на магистралниот пат А-2 во селото Страцин, кратовско, автомобил управуван од Б.С.(59) од село Туралево, кратовско, излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.А.(33) од Кратово, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото и малолетна сопатничка од Кратово, констатирани во Градската општа болница Куманово, објави МВР.
Извршен бил увид.