Дваесет и осумгдоишна девојка од Гевгелија е тешко повредена во сообраќајка кога автомобилот во кој што се превезувала излетал од патот.
Според информациите од полицијата, возилото го управувал Б.Н.(56) од Гевгелија, а несреќата се случила на регионалниот пат село Николиќ – Нов Дојран.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија“. велат од МВР.
Извршен бил увид.