Автомеханичар од Охрид наместо поправка, вадел здрави делови од автомобилите и ги продавал

avto-servis.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Ш.К.(39) од Охрид поради измама.


Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид, примал автомобили од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила.

„Пријавениот, не ги иззвршувал поправките во договорениот период, а дополнително ги вадел исправните делови од автомобилите и ги продавал на трети лица, со што се стекнал со значителна противправна имотна корист“, објави охридската полиција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK