­

Акциска контрола во Тетово: пронајдени кокаин и остри предмети, затворени угостителски објекти


policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа од 23 до 02 часот на подрачјето на СВР Тетово, полициските службеници од СВР Тетово во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Дирекција за заштита и спасување спроведоа акциска контрола во три угостителски објекти.


Притоа, во еден угостителски објект бил лишен од слобода Р.Е.(32) од Тетово, кај кого при преглед бил пронајден и одземен кокаин.

Исто така, во трите угостителски објекти биле приведени Е.И.(32) од Боговиње, А.Ј.(55) од Тетово, Ш.Л.(27) од с.Порој и Е.А.(35) од с.Мала Речица, кај кои биле пронајдени остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 215 од КЗ и член 80 од Закон за оружје.

Од страна на другите институции кои биле вклучени во акциската контрола биле констатирани низа неправилности при што од страна на ДПИ на два објекта ќе им бидат доставени решенија за затворање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK