76-годишен маж удрен од автомобил додека се движел со инвалидска количка


policija-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

76-годишниот В.М. бил тешко повреден додека се движеч со електрична инвалидска количка, а во него удрил автомобил


„На 07.03.2025 година, околу 10.05 часот, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Александар Македонски” со улицата „Чеде Филиповски Даме” во Радовиш, 76-годишниот В.М. од Радовиш, додека се движел со електрична инвалидска количка, бил удрен од патничко возило „Опел” со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (48) од село Коџалија“, велат од МВР.

Во несреќата, В.М. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле потврдени во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK