71-годишен тракторист тешко е повреден откако се судрил со „пасат“

traktor-696x435.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 06.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Ш. (23) од Кавадарци и трактор со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ц.С.(71) од Кавадарци.



Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во болницата во Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK