Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 40 возачи.
Од нив, 15 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Битола. При контролата санкционирани се и 171 други видови на сообраќајни прекршоци.