24-годишна државјанка на Албанија загина во тешка сообраќајна незгода на автопатот Тетово – Скопје

soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера попладне, во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во насока од Тетово кон Скопје, во атар на село Ласкарци, скопско, патничко моторно возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од 40-годишниот В.М. од Република Албанија, излетало од коловозот, извести МВР.


Од здобиените повреди во несреќата на местото починала сопатничката Е.Т.(24) од Република Албанија,а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK