19-годишник со возило излетал од регионалниот пат Берово – Струмица

soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 06.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Џердови воденици“, патничко возило „фиат добло“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот П.В. од село Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот, извести МВР.


Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Берово. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK