18-годишник фатен на дело, бил затекнат додека крадел од „бмв“

18-годишник-фатен-на-дело-бил-затекнат-додека-крадел-од-„бмв.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска околу 05.30 часот во Скопје, во трговски центар на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 18-годишниот М.С. од Скопје, извести МВР.



– Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје, соопшти МВР.

Одземеното било пронајдено, како и предмети со кои го извршил делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK