17-годишно момче загина во несреќата со автобусот кај Блаце, возачот на третиот автомобил побегнал

skrseno-staklo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Шуто Оризари-Горно Оризари.


Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, во несреќата учествувале автобус на ЈСП, автомобил кој бил управуван од 17-годишник од Блаце и уште едно возило „фолксваген голф“, по што возачот го напуштил местото.

Седумнаесетгодишникот починал во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, а повреден е и неговиот малолетен сопатник од истото село.

Извршен е увид на местото на несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK