100 санкционирани возачи во Скопје

policija-soo-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.


На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 42 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK