САД: Највисоко ниво од октомври 2021 година на бројот на барања за бенефиции за невработени

Бројот на барања за бенефиции за невработени поднесени од американски државјани минатата недела се искачи на највисоко ниво од октомври 2021 година. Бројот на Американци кои поднесоа такви барања достигна 261.000 во неделата што завршува на 3 јуни. Тоа е зголемување за 28.000 луѓе во однос на претходната недела, покажуваат најновите податоци на Министерството за труд. Неделните барања за невработеност …

Continue Reading

Напаѓачот кој повреди со нож деца во Франција немал „терористички мотив“

Сириски бегалец, осомничен дека денеска избодел шест лица во францускиот алпски град Анеси, најверојатно немал „терористички мотив“, изјави локалниот обвинител. Лине Бонет-Матис рече дека од четирите деца повредени во нападот, едното било на возраст од само 22 месеца, две биле двегодишни, а најстарото имало три години. Сите се во животна опасност. Повредени се и две возрасни лица. Осомничениот е на …

Continue Reading

Привремено се запрени летови кон аеродромот ЛаГвардија во Њујорк

Американската федерална управа за авијација (ФAA) привремено ги прекина денешните летови од североисточниот дел на земјата, Охајо и други области до аеродромот ЛаГвардија во Њујорк, објаснувајќи дека чадот од шумските пожари во Канада ја намалува видливоста и влијае на другите летови во САД. Дел од летовите најверојатно ќе доцнат во просек по 50 минути, а најмногу час и половина. ФAA …

Continue Reading

Научници од САД велат дека пристигнува Ел Нињо, предизвикувајќи стравови од екстремни временски услови

Пристигна очекуваниот климатски феномен Ел Нињо, соопштија денеска научници од американската Национална управа за океани и атмосфера. „Во зависност од неговата сила, Ел Нињо може да предизвика низа влијанија, како што се зголемување на ризикот од поројни врнежи и суши на одредени локации низ светот“, рече климатскиот научник Мишел Л’Хору. Тој додаде дека климатскиот феномен може да предизвика нови температурни …

Continue Reading

Извештај на Агенцијата за фундаментални права на ЕУ: Основните права во Европа под притисок на војната, сиромаштијата, говорот на омраза и новите технологии

Бегалската криза поради војната во Украина, зголемувањето на сиромаштијата кај децата, говорот на омраза и заштитата на човековите права во ерата на технолошки промени се главните прашања со кои се соочија европските земји во текот на 2022 година во областа на човековите права, нагласено е во извештај објавен денеска од Агенцијата за фундаментални права на Европската унија (ФРА). Во извештајот …

Continue Reading

Волстрит журнал: Куба ќе стане седиште на кинеска шпионска база свртена кон САД

Кина и Куба постигнале таен договор Пекинг на островот да финансира изградба на објект за електронско прислушкување, ова би претставувало најнов геополитички предизвик и закана за САД, дознава Волстрит журнал. За ваква база, кинезите наводно биле спремни да ѝ платат на осиромашената Куба милијарди долари. Во својот ексклузивен материја објавен денеска весникот се повикува на официјални лица запознати со строго …

Continue Reading

Финскиот МНР Хависто ќе се кандидира на претседателските избори следната година

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори следната година со надеж дека ќе го наследи Саули Нинисто, кој се повлекува по два последователни мандати. Тоа ќе биде трет обид на членот на Зелената партија да стане шеф на државата на Финска, откако се кандидираше за функцијата во 2012 и 2018 година. …

Continue Reading

Шолц и вети на Италија солидарност во прифаќањето на бегалците

Германскиот канцелар Олаф Шолц и вети на Италија солидарност за прифаќање бегалци, јави ДПА. – Италија, Грција и другите земји-членки на ЕУ во медитеранскиот регион се соочуваат со голем предизвик поради зголемениот број бегалци кои пристигнуваат таму, изјави Шолц за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пред неговата денешна посета на Рим. „Не смееме да ги оставиме Италија и другите земји …

Continue Reading

Сириец избоде тригодишни деца во Франција, три се критично

Четири мали деца и еден возрасен се повредени во напад со нож во парк во градот Анеси на француските Алпи, соопшти француската полиција, откако првично извести дека осум деца се повредени. Животите на три жртви се во опасност, пренесуваат агенциите. Според некои медиуми станува збор за три деца, а според други медиуми две деца и еден возрасен. Децата се на …

Continue Reading