Украинската армија изврши 14 воздушни напади врз позициите на руската војска

Украина вчера изврши 14 воздушни напади врз позициите на руската војска, соопшти Генералштабот на украинската армија на Фејсбук. – Нашите бранители уништија два противвоздушни ракетни системи, тврди ГШ на украинската армија. Во соопштението се посочува и дека украинските ракети и артилерија вчера погодиле три контролни пунктови, пет магацини за муниција и три артилериски единици. – Русија ги концентрира своите воени …

Continue Reading

Бретон: ЕУ ќе ја забрза испораката на оружје за Украина

Европска Унија ја забрзува испораката на оружје за Украина за да ја поддржи контраофанзивата на земјата против руските сили, изјави европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон во интервју за францускиот дневен весник „Паризиен“. – Ќе ги зголемиме нашите напори за снабдување со оружје и муниција, ова е војна со висок интензитет, во која тие играат одлучувачка улога, наведе Бретон алудирајќи …

Continue Reading

Во Мали референдум за нов устав

Граѓаните на Мали денеска гласаат на референдум за нацрт уставот, за кој предводникот на државниот удар полковник Асими Гоита тврди дека подобро ќе се организира власта за нови избори следната година. Додека неговите критичари тврдат дека тоа е тактика за останување на власт. Имамот Махмуд Дико, противник на воената хунта, вчера ги повика своите поддржувачи во Бамако да гласаат против …

Continue Reading

Најмалку 11 загинати во невреме во Бразил

Најмалку 11 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати во невремето што го зафати јужниот дел на Бразил. На крајот на неделата циклон ја погоди државата Рио Гранде до Сул, на границата со Уругвај и Аргентина. Според најновиот новиот биланс што денеска го објавија локалните власти, од загрозената област се евакуирани 602 лица. Повеќе од 2.000 домови беа оштетени …

Continue Reading

Индискиот премиер бара полноправно членство на Африканската унија во Г20

Индискиот премиер Нарендра Моди испрати писмо до лидерите на Г20 во кое предлага Африканската унија да добие полноправно и постојано членство на претстојниот самит во Индија. Предлогот на Моди за доделување полноправно членство на Африканската унија во Г20 ја покажува посветеноста на Индија да го зајакне своето присуство и партнерство со Африка во обликувањето на глобалната политика, рекол извор запознаен …

Continue Reading

Украинските сили го ослободиле селото Пјатихатки, прв успех на фронтот Запорожје

Официјален претставник назначен од руските окупаторски власти денеска призна дека Украина повторно зазела село во јужниот регион Запорожје, што е нејзин прв успех на тој фронт откако ја почна својата контраофанзива претходно овој месец. Владимир Рогов изјави дека украинските сили ја зазеле населбата Пјатихатки и таму се вкопуваат додека се под оган од руска артилерија. – Непријателските офанзивни „бранови“ дадоа …

Continue Reading

Во Судан почна нов тридневен прекин на огнот пред донаторската конференција

Суданските завојувани страни денеска се договорија за 72-часовен прекин на огнот, еден ден пред меѓународната донаторска конференција со која треба да се олесни страдањето на цивилите и суданските бегалци во соседните земји. Прекинот на огнот меѓу суданската армија и ривалските Сили за брза поддршка (РСФ), со посредство на САД и Саудиска Арабија, почна во 6 часот наутро и се очекува …

Continue Reading

Швајцарците гласаат на два референдуми

Швајцарците денеска на два референдуми гласаат за нов закон за заштита на климата и повисоки даноци на добивка. Анкетите покажуваат дека и двете мерки ќе поминат, а резултатите се очекуваат во раните попладневни часови. Парламентот веќе го усвои нацрт-законот за климата, но конзервативната Швајцарска народна партија (СВП) го отфрла, тврдејќи дека тоа би предизвикало експлозија во растот на цените. СВП …

Continue Reading

Извештај на Европол укажува дека расте глобалната терористичка закана

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) пријавија 28 обиди за терористички напади во 2022 година, а извештај на европската полиција Европол за тероризам покажа дека „тероризмот останува значајна закана за внатрешната безбедност на ЕУ“. Бројот на терористички напади во ЕУ во 2022 година претставува зголемување во однос на 2021 година кога беа пријавени 18 напади, но е помал од 2020 година …

Continue Reading