Борел: Европскиот самит ќе испрати „силна порака“ за единство до Русија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изрази надеж дека состанокот на речиси 50 европски лидери во Молдавија ќе испрати „силна порака“ до Русија. Самитот, кој се одржува во молдавскиот град Булбоака, на околу 20 километри од украинската граница, треба да покаже дека Европа е обединета во одбраната на меѓународниот поредок, рече тој. – Важно …

Continue Reading

Столтенберг: Сојузниците се согласуваат Украина да стане членка на НАТО

Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – Сите сојузници се согласуваат дека Москва нема право на вето за проширување на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласуваат Украина да стане членка, изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло. Министрите за надворешни работи …

Continue Reading

МААЕ: Иран ги расчисти сомнежите за збогатување ураниум

Иран ја расчисти загриженоста за две исклучително важни прашања што ги покрена Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во врска со високо збогатен ураниум и локацијата каде е пронајден вештачки произведен ураниум. Во последниот извештај на МААЕ, во кој имале увид некои светски агенции, има мало намалување на притисокот врз Техеран, кој значително го забрза развојот на неговата нуклеарна програма …

Continue Reading

Украинскиот претседател Зеленски на европскиот самит во Молдавија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот на европските лидери во Молдавија, каде беше пречекан од молдавската претседателка Маја Санду. Зеленски и се заблагодари на Молдавија што ги прими Украинците кои бегаат од војната откако Русија ја започна својата инвазија. Молдавија прими над 700.000 бегалци од февруари 2022 година, а над 100.000 сè уште се во земјата, според податоци на …

Continue Reading

Билстром: Шведска ги исполни сите услови за членство во НАТО

Шефот на шведската дипломатија денеска оцени дека неговата земја ги исполнила сите услови за членство во НАТО, апелирајќи до Турција и Унгарија да се откажат од противењето, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека наскоро ќе отпатува во Анкара по овој повод. „Шведска ги исполни сите обврски што ги презеде на самитот во Мадрид минатата година, вклучувајќи го …

Continue Reading

Тревога за воздушен напад во Киев

Во Киев пред неколку минути се вклучила тревога за воздушен напад. Во текот на изминатата ноќ Русија изврши напади врз Киев во кои загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а шест лица беа повредени. – Сите воздушни цели што ги пресретнавме беа уништени од нашите сили и средства за противвоздушна одбрана, соопшти градската управа. Сепак, остатоците што паднале …

Continue Reading

Во Канада на секоја цигара ќе има предупредување за опасностите од тутунот

Канада ќе стане првата земја во која секоја цигара ќе мора да биде поединечно означена со предупредувања за штетното влијание на тутунот врз здравјето на луѓето. Мерката беше објавена минатата година од канадските здравствени власти, а прописите треба да стапат на сила на 1 август. Ќе се воведува постепено во зависност од големината на цигарите, прво на најголемите и на …

Continue Reading

На чеченските војници им е наредено да се мобилизираат, гранатирани руски погранични области

На борците од руската република Чеченија под команда на Рамзан Кадиров најверојатно им било наредено да преземат водечка улога во борбите во Украина во деновите кога гувернерот на руската област Белгород најави евакуација на децата поради прекуграничните напади од Украина, јави Ал Џезира. Институтот за проучување на војната (ИСВ) со седиште во Вашингтон во својот последен извештај објавен денеска вели …

Continue Reading

Остин: САД и Јапонија работат на модернизирање на воениот сојуз

Соединетите Американски Држави и Јапонија работат на модернизирање на нивниот воен сојуз наспроти заканите од Кина, Северна Кореја и Русија, изјави во Токио американскиот министер за одбрана Лојд Остин. Високиот американски функционер е во посета на Токио каде што ќе одржи кратки билатерални разговори пред да се упати на самитот за безбедност во Сингапур. Во пресрет на средбата со јапонскиот …

Continue Reading