Советот на град Скопје донесе заклучоци со кои бара одговорност за сите кои учествувале во креирањето на состојбите во ЈП „Комунална хигиена“

Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и мерки. -Прво се задолжува градоначалникот …

Continue Reading

Проект „Tоплотен бран 2023’’ во Кисела Вода за заштита од високите температури

Општина Кисела Вода, заедно со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започнаа со спроведување на проектот „Топлотен бран 2023’’. Како што посочуваат од Општината, во населбите 11-ти Октомври-згради и Цветан Димов, во Драчево и Пинтија, мобилни екипи составени од возило на Црвениот крст, медицинско лице, претставници од месните заедици низ општината, волонтери на Црвен крст, на граѓаните им делат шишиња …

Continue Reading

Во тек е вонредната седница на Советот на град Скопје за состојбата со комуналната хигиена

Советниците на град Скопје на денешната вонредна седма седница изгласаа дека има потреба за одржување на вонредна седница, поради случувањата со комуналната хигиена и комуналното претпријатие. Советниците побараа од страна на претседателот на Советот на град-Скопје, Трајко Славевски да ја повика градоначалничката Данела Арсовска и директорката на ЈП за Комунална хигиена да присуствува на седницата и да се дебатира на …

Continue Reading

Без вода дел од Батинци

Поради уличен водоводен дефект, без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците во село Батинци. Водоснабдувањето ќе биде во прекин до отстранување на дефектот, информира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје.

Continue Reading

Без вода дел од општина Бутел

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Груица Војвода“ и „Црвени Брегови“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Груица Војвода“ 14 во населба Бутел 2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Continue Reading

Без струја дел од Чучер Сандево и Сарај, а без вода дел од Карпош и Гази Баба

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чучер Сандево и Сарај. – Во период од 9:00 до 15:00 чаот без струја ќе бидат дел од корисниците од Чучер Сандево, а од 11:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„1721“ од Сарај кон Глумово, информираат од РЦУК Скопје. Поради реконструкција на …

Continue Reading

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена

ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека во текот на изминатите два дена подигна и транспортира вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини. Отстранети се  250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини, почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, каде што  продолжува да се  собира и транспортира комуналниот отпад …

Continue Reading

Реакција на Град Скопје на прес-конференцијата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Неписменоста, функционална но и целосна, е главниот проблем на Македонското општество во последниве три децении. За жал, ниту денес, во 21. век не можеме да забележиме тренд на еволуција на писменоста кај државните функционери, напротив, од година во година се повеќе е изразена неписменоста во највиоските редови на централната, локалната и сите останати власти. Таков е и примерот, за жал, …

Continue Reading

Прекинато водоснабдување на ул. „Христо Татарчев“

Поради уличен дефект, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. „Христо Татарчев“ раскрсница со „Народни Херои“ до раскрсница со ул. „Козјак“ и дел од ул. „Козјак“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до санирање на дефектот.

Continue Reading