Трипуновски: Пестициди и тешки метали се детектирани во увезените овошје и зеленчук

Да сме на чисто – Пестициди и тешки метали се детектирани во овошјето и зеленчукот кои се увезени во Македонија. Тоа недвосмислено го потврдуваат анализите кои ги презентирав на јавноста! Додека Бабовски и останатите околу него сакаат да ја замајат јавноста од детектираните присуства на резидуи од пестициди во храната од неживотинско потекло, добро е Бабовски да го посоветуваат околу …

Continue Reading

Спасовски очекува до крајот на летото да се постават камери кои ќе регистрираат прекршоци на патиштата и низ градовите

До крајот на летото се очекува поставување на камери на автопатиштата, експресните патишта, но и низ градовите, кои ќе регистрираат сообраќајни прекршоци, најави денеска од Штип, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на прашање на МИА дали ќе се постават камери на патните делници, бидејќи само за неколку дена во две одделни сообраќајни несреќи во источниот регион загинаа четири …

Continue Reading

Спасовски: На 14 јуни се очекува да се поднесат законските решенија за лицата кои се невидливи за системот

На 14 јуни ќе бидат поднесени законските решенија од страна на пратениците за лицата, кои се практично фантоми, невидливи за системот, изјави денеска во Штип министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој одговараше на новинарско прашање, кога ќе се реши овој проблем за околу 700 лица во земјава, кои не можат да си ги остварат основните човекови права. Спасовски истакна …

Continue Reading

Владата ќе ја разгледува Предлог-иницијативата за уставни измени на некоја од наредните седници

Владата ја доби Предлог-иницијативата за устави измени од Министерството за правда и таа ќе биде разгледана на некоја од наредните седници, информираат за МИА од владината прес-служба. Јавноста, како што нагласуваат од таму, ќе биде информирана за одлуката. Министерството за правда минатата недела работеше на номотехничко прочистување на предлогот, а тој беше преведен и на албански јазик. Работната група на …

Continue Reading

Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во Будва. Ова е последен министерски состанок во рамките на црногорското претседавање, пред преземање на претседавањето од страна на Република Северна Македонија, на 1 јули. Османи во своето обраќање, како што соопшти МНР, се заблагодари за …

Continue Reading

Маричиќ-Брегу: Целта ни е ЕУ, затоа е важно паралелно да работиме и на регионалната соработка

 Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на министерскиот ЕУ состанок на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), остварил средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу. На средбата било разговарано за статусот на регионалните договори во рамки на Берлински процес, нивната имплементација и следните активности на Советот …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата

Во Клубот на пратениците во среда ќе се одржи најавената средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, средбата ќе биде тет-а-тет. -До средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата. Ставот на партијата е дека уставни измени нема …

Continue Reading

Предлог-иницијативата за уставни измени од Министерството за правда испратена во Владата

Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од Работната група од Министерството за правда е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието. Министерството за правда минатата недела работеше на номотехничко прочистување на предлогот, а тој беше преведен и на албански јазик. Владата по правило секој вторник одржува редовна седница, но засега …

Continue Reading