Средба на претседателот на Собранието Џафери со специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Амербајев

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска на средба со специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев, од име на Собранието и лично, упатил поздрави до азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и до неговиот хомолог, претседателката на Парламентот на Азербејџан, Сахиба Гафарова. Тој се заблагодарил за нејзината покана да го посети Азербејџан во наредниот период. Како што …

Continue Reading

Шеќири: Учебници ќе има од 1 септември

Први септември ќе не најде поподготвени. Дефинитивно учебници ќе има затоа што ги немаме предизвиците од претходната учебна година, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири по доделувањето грантови во рамки на проектот на ОБСЕ „Градиме нови мостови“. -Сите учебници кои се одобрени од Националната комисија, според постапката, министерот само дава одобрение за печатење на тие учебници, без разлика …

Continue Reading

Шаќири: Располагаме со 720 образовни асистенти, доколку има потреба бројката ќе се зголеми

Располагаме со 720 образовани асистенти и доколку има потреба ќе биде ангажиран дополнителен кадар за што ќе биде поднесено барање до Министерството за финансии, изјави денеска министерот за образование Јетон Шаќири. По доделувањето грантови во рамки на Проектот на ОБСЕ „Градиме нови мостови“, на новинарско прашање дали МОН располага со доволно образовни асистенти бидејќи, наводно немало да има запишување првачиња …

Continue Reading

Министерот Николовски пред земјоделците од Росоманско го презентираше решението за санација на оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш”

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, пред земјоделците од Росоманско, денеска го презентираше решението за санација на оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш”. Ова е, рече тој, најбрзо можно трајно решение, стручно потврдено. Ќе се заменат цевките на сифонот од 400 метри. Санацијата треба да заврши за максимум 45 дена, можеби и нешто порано. Средствата се обезбедени од Буџетот на …

Continue Reading

СДСМ за утре свика состанок на Централен и Извршен одбор по лидерската средба со Мицкоски

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска потврди дека утре претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски свикал седница на Централниот и Извршниот одбор на партијата. -По вчерашната средба имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор а секако дека тема ќе бидат начинот и формата со која што понатаму ќе …

Continue Reading

Вицепремиерката Грковска на средба со средношколци во Струмица

Транспаретноста е најголемото орудие за борба против корупцијата и ние тука имаме направено прилично сериозни поместувања. Тоа го препознаваат и меѓународните партнери. Ние ги обврзавме државните институции за проактивна транспаретност да ги објавуваат податоците и информациите на веб страниците кои граѓаните најчесто ги барале во изминатите две години и рокот за тоа е шест месеци, зашто станува збор за прилично …

Continue Reading

Кузеска: Нови околности откако ВМРО-ДПМНЕ прифатија уставни измени и учество во Влада

По вчерашната средба имаме нови околности на политичката сцена во земјата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ де факто го променија ставот, прифатија уставни измени и прифатија учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри. Дури и условот ДУИ да не биде дел …

Continue Reading

Грковска: Немам информации дека фирми блиски на владини функционери ќе бидат вклучени како подизведувачи на „Бехтел и Енка“

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска нема информации дека фирми блиски на владини функционери ќе бидат вклучени како подизведувачи на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10д. -Немам таква информација. Од самиот почеток беше кажано дека подизведувачи ќе бидат македонски фирми, а тоа е еден од бенефитите на тој проект заради тоа …

Continue Reading

Маричиќ: Подготвени сме за работни групи со опозицијата за имплементација на идејата за уставните измени

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека премиерот Димитар Ковачевски имал јасна позиција и понуда до опозицијата – веднаш да се гласа за потребата за отворање на Уставот, потоа да се формира и Влада во која ќе учествува и опозицијата, а потоа да се доврши процесот на уставните измени и да се заврши скрининг фазата. -Денеска опозицијата некако ретерира …

Continue Reading