Спасовски: Не размислувам за личните позиции, важно е државата да исчекори напред

Важно е државата да исчекори напред и да ги отвориме перспективите за граѓаните. Јас не размислувам за лични позиции, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на прашање дали би прифатил да биде министер доколку имаме Влада на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Спасовски е на ставот дека е потребно политичарите да покажат одговорност пред граѓаните и да …

Continue Reading

Ласовска: СДСМ и Ковачевски да одговорат кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат

Една недела по лидерската средба, а СДС уште нема став кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа. Помина една недела, а балонот на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени под бугарски диктат издиша. Јасно се гледа безидејноста на кираџиите на ДУИ. Наместо да ја препознаат шансата и подадената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие се однесуваат крајно недораснато во …

Continue Reading

Бесими: Усвоена новата Фискална стратегија 2024-2028

Продолжување на фискалната консолидација, постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и поттикнување на економската активност преку капитални расходи и инфраструктури инвестиции и подобрување на условите за водење бизнис и отворање нови работни места се очекуваните резултати од среднорочните проекции содржани во Фискалната стратегија на РС Македонија за период 2024-2028 година, што ја подготви Министерството за финансии, а …

Continue Reading

СДС и Ковачевски да се извинат што лажат за уставните измени, Ковачевски на страната на Бугарија против националните интереси

Ковачевски и СДС се очајно штом мораат безочно да лажат и да расфрлаат пердуви на темата уставни измени. Тоа што СДС и Ковачевски имаат потреба да ги модификуваат и манипулираат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, говори дека им гори под нозете и немаат 2/3 мнозинство за уставни измени. Но одбрале погрешен начин. Откако ја доведоа Македонија во ќорсокак и во подредена состојба …

Continue Reading

Во Собранието најавени десет седници

Собранието денеска ќе одржи десет седници – 117, 41, 66, 91, 95, 99, 100, 111, 112 и 115. Во рамки на 117. седница пратениците ќе дискутираат за Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез …

Continue Reading

Алиу ќе даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска во Медија центарот на Владата ќе го презентира сработеното во изминатите 100 дена. Азир Алиу беше избран за министер за информатичко општество и администрација на 27 февруари годинава како кадар на Алијансата за Албанците по влегувањето на оваа партија во Владата.

Continue Reading

Спасовски и Вал ќе ја посетат единицата за службени кучиња во Хиподром

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, денеска ќе ја посетат Единицата за службени кучиња на МВР во Хиподром, каде ќе присуствуваат на свечено отворање на реконструираната административна зграда на Единицата К9. Како што информираат од МВР, Спасовски и Вал ќе направат увид во градежните активности финансирани од ОБСЕ, за …

Continue Reading

Власта подготвена да се откаже од премиерската функција ако опозицијата гласа за уставни измени

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната влада, брифираа вчера владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка влада, треба да биде Албанец. На ова веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека немаат намера да учествуваат, како што …

Continue Reading

Амбасадорски платформи и отчети пред Комисијата за надворешна политика

Новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Швајцарската Конфедерација Реџеп Демири денеска пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ќе ја претстави платформата за дипломатските активности. На одделна седница, пак, Комисијата за надворешна политика ќе ги слушне и отчетните обраќања на досегашните амбасадори во Швајцарија Кенан Рамадани и во Република Чешка Сашко Тодоровски.

Continue Reading