Реакција на Единствена Македонија за изрекување на тригодишна забрана за влез во Грција на Емилија Гелева

Единствена Македонија реагира на вчерашната мерка на Грција за одбивање влез на граница и изрекување тригодишна забрана за влез и за Емилија Гелева претседателката на Унијата на жени на Единствена Македонија и членка на Извршниот комитет на партијата. Потсетуваме, пред една недела, на 17 јуни беше одбиен влез и на пошироката делегација на Единствена Македонија која одеше во Нивици, Беломорска …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме двојна предност пред СДСМ и Ковачевски

Убедлива двојна предност за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажува најновата анкета спроведена од агенцијата Маркет Вижн од 5 до 16 јуни. На прашањето за која партија ќе гласате наредните избори, дури 22 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДС само 11,5 проценти од анкетираните граѓани. Тоа значи дека разликата е речиси двојна за ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните …

Continue Reading

Ковачевски и Маричиќ ќе учествуваат на трибина насловена „МК во ЕУ до 2030“

– Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Коваевски денеска ќе има свое обраќање на трибината „Резултати што прават разлика“ во организација на неговата партија во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Трибината е на тема „МК во ЕУ до 2030“ во организација на Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции на СДСМ. Освен Ковачевски на трибината свое обраќање ќе имаат Бојан Маричиќ,секретар …

Continue Reading

АлтернАтивА: Наша гордост е нашето традиционално семејство

Денес, кога и во Скопје се одржува т.н. Парада на гордоста, согласно нашите програмски определби и нашите политички убедувања, се разбира и почитувајќи го правото за поинакво размислување, изјавуваме дека за нас тоа не е никаква гордост, туку е поинаков обид за атак кон нашето традиционално семејство. Верувајќи дека семејството е само хетеросексуална заедница, изградена на взаемната љубов меѓу сопружниците, …

Continue Reading

Лукаревска: Одлуката за ЕУ е одлука за иднината и сите имаат одговорност да ја поддржат

– Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во рамките  караванот „Рамо до рамо, до победа“ денеска беше меѓу граѓаните на Гостивар. Лукаревска рече дека СДСМ, како одговорна и државотворна партија ќе стори сé за да продолжи напредокот кон Европската унија но дека одговорност имаат сите политички партии. -СДСМ ќе направи се за да продолжи европскиот пат, да продолжи напредокот кон …

Continue Reading

МЗШВ ги повика земјоделците да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури. Како што се наведува во соопштението, корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, и кои имаат произведен и продаден предосновен и основен семенски материјал …

Continue Reading

Ѓорчев се сретна со Борис Џонсон, Лиз Трас, Скот Морисон, Тони Абот и Колинда Грабар Китаровиќ

За време на посетата на Лондон, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев се сретна со поранешните премиери на Велика Британија, Борис Џонсон и Лиз Трас, екс премиерите на Австралија, Скот Морисон и Тони Абот, како и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ. На средбите Ѓорчев ги повтори позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на актуелните прашања во Македонија и …

Continue Reading

Едни исти лаги од ДПМНЕ, таргет е професионалната работата на ОТА

Едни исти лаги се пласираат од прес конференциите од Белата палата. Таргет за лагите на ДПМНЕ е работата на професионалната и независна Оперативно-техничка агенција. Прислушкувањето на граѓаните заврши со заминувањето на режимот на ДПМНЕ. Сега се градат демократски институции кои им служат на граѓаните. Тоа ДПМНЕ нема капацитет да го разбере затоа што нивната режимска матрица е фокусирана само на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за ширењето на лаги добива казна од народот

СДС за ширењето на лаги и порази добива казна од народот. Тоа го потврдуваат и анкетите кои покажуваат дебакл на СДС и губење на довербата до знак на непрепознатливост на оваа некогаш голема партија. СДС наместо да држи паушални прес конференции со кои се манипулираат граѓаните, треба да одговори кои од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски ги прифаќа …

Continue Reading