
Укината епидемијата во Гостивар со над 5.000 заразени, Клековски: Веќе нема пациенти со стомачни проблеми поврзани со водата
По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот.











