Прогласена природна непогода од град и поплави во Делчево

Советот на Општина Делчево на денешната вонредна седница прогласи природна непогода од поплави и град. На седницата беше донесена одлука за формирање Комисија за проценка на штетите, како и заклучок за објавување јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети. При процена и утврдување на висината на штетата, како што истакна претседателот на Советот, Гоце …

Continue Reading

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со правна помош за охриѓани

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Опција Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација денеска во Охрид организираат отворен ден за бесплатна правна помош за случаи на дискриминација и повреди на човекови права. Целта, според Игор Јадровски член на Комисијата за заштита од дискриминација, е Комисијата, како централизирано тело што се наоѓа во Скопје, да излезе на терен и …

Continue Reading

Со механизација во Прилеп се чисти речното корито по последните поројни дождови

Од денеска, прилепски „Комуналец“ со механизација започна да го чисти речното корито на Градската река во Прилеп, на потегот од мостот кај населбата Димо Наредникот, накај железничкиот надвозник. Механизацијата почна да го чисти сиот отпад што во речното корито се слеа од Дабничкиот канал и повисоките населби по обилните врнежи и поплавата минатата недела што го зафатија Прилеп. Инаку, во …

Continue Reading

Зголемен водостојот на Козјачка река во Општина Карбинци

Зголемен е водостојот на Козјачка река во Општина Карбинци. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека реката била зголемена кај селото Таринци, нејзино излевање од коритот немало. Посочува дека ситуацијата се следи, со цел да не дојде до поплави и причинување на штети. -Во вчерашното невреме во делот на Плачковица ситуацијата е стабилна. Она што беше во вчерашниот ден е зголемениот водотек …

Continue Reading

Герасимовски: Стартува проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните”

Општина Центар го распиша проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните” со кој 90 пензионирани граѓани од оваа општина добиваат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица. Овој проект Општина Центар го реализира во соработка со невладината организација „Хуманост“. -Преку овој проект им помагаме на нашите повозрасни сограѓани полесно …

Continue Reading

Општина Крива Паланка го поддржа граѓанскиот сектор со околу половина милион денари

Градоначалникот на Општина Крива Паланка денеска ги врачи договорите за поддршка на пет НВО-организации за доделени грантови во вкупна вредност од 486.098 денари од општинскиот буџетот, Програма за поддршка на здруженија и фондации за 2023 година. -Продолжува поддршката на граѓанскиот сектор, со средства од општината до крајот на годината овие здруженија ќе имплементираат проекти од интерес на граѓаните во приоритетните …

Continue Reading

Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба и е безбедна за капење

Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од Центарот за јавно здравје Велес, од почетокот на овој месец, покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење. Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, прецизирајќи дека примероците за испитување на водата биле земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико”. -Резултатите од испитувањата на …

Continue Reading

Вонредна седница во Делчево за штетите од невремето

Советот на Општина Делчево закажа вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето кое вчера го зафати Делчево. Како што информираше претседателот на Советот, Гоце Попов на седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево. На седнцата ќе биде доднесена одлука за формирање комисија за проценка на штети, а ќе биде објавен и јавен повик …

Continue Reading

Заеднички концерт на „Танец“ и „Коло“ во Битола

Во рамки на прославата на 75-годишнината од своето основање, српскиот ансамбл „Коло“ вечерва во Центарот за култура во Битола ќе одржи концерт со ансамблот „Танец“, како дел од регионалната турнеја наречена „Колодром“. Ансамблот „Коло“ е основан во 1948-та, една година пред основањето на Танец. Двата ансамбли имаат долгогодишна успешна соработка, а последен пат настапија заедно на Новогодишниот концерт на Танец …

Continue Reading