Се реконструира детското игралиште кај зградата на СВР-Штип

Почна реконструкцијата на детското игралиште кај зградата на СВР-Штип. Старите реквизити ќе бидат заменети со нови, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Посочи дека е во тек и тендерска постапка за целосно осветлување на кејот на реката Отиња, почнувајќи од зградата на ЈП „Исар“ до вливот на Отиња во Брегалница, кај старата населба Ново Село, со …

Continue Reading

Спасовски од Тетово: Во првите шест месеци од годинава имаме зголемување на откривачката функција за 48 проценти

Во Секторот за внатрешни работи Тетово денеска беше реализиран „Отворен кабинет“, дел од серијата посети на организациските единици на МВР, при што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лично ги слуша предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат. Воедно, на средба со раководството во СВР Тетово, Спасовски беше …

Continue Reading

Куманово ќе додели парична помош на Делчево за санирање на последиците од невремето

Куманово ќе додели 300.000 денари на општина Делчево за санација на последиците од невремето кое го зафати градот на 8 јуни, годинава, одлучија денеска советниците на 26-тата седница на советот. Предлогот до советот го достави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Елена Доцевска Божиновска, а скоро едногласно беше поддржан од сите членови. – Во консултација со службите одлучивме …

Continue Reading

Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓанскиот сектор и локалните институции во Гостивар

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со остварување отворени средби со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво. Утре (6 јули 2023 година) можност за дискусија, како и мапирање на потенцијални системски проблеми со дискриминација ќе имаат граѓаните и активистите од граѓанските организации и претставниците на институциите во општина Гостивар и неговата околина. „На наше …

Continue Reading

Дом на култура Кавадарци одбележува 70 години постоење, наредните три дена Меѓународен фолклорен фестивал 

Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци одбележува 70 години постоење и фолклорна дејност. Во рамки на одбележувањето на јубилејна седумдецениска активност наредните три дена ќе се реализира Меѓународен фолклорен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби“. Како што информираше денеска Марјан Тодоровски од Културниот дом, фестивалот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Кавадарци на 6, 7 и 8 јули. …

Continue Reading

Општина Илинден изврши реконструкција на повеќенаменско игралиште во Ајватовци

Општина Илинден изврши комплетно уредување и реконструкција на повеќенаменското игралиште во населеното место Ајватовци. Во рамки на повеќенаменското игралиште, соопштија денеска од Општина Илинден, поставени се две нови табли за кошарка, на головите за мал фудбал и ракомет поставена е заштитна мрежа, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Поставени се столбови за осветлување како и целосно оградување …

Continue Reading

Кисела Вода субвенционира материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, поправка на лифтови, пелети и печки на пелети

Општина Кисела Вода денеска објави четири јавни повици за субвенции кои на жителите ќе им обезбедат финансиска поддршка за набавка на печки за пелети, пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациски материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на општината. Вкупниот износ за …

Continue Reading

Муцунски: Со 30 сезонски билети, набавени од сопствени средства продолжува мојата поддршка за „Комити“ и Вардар

По вчерашната објава на навивачката група „Комити“, градоначалникот Тимчо Муцунски, утрово со сопствени средства набави 30 сезонски билети кои ќе бидат наменети за младите од Аеродром – страсни навивачи на Вардар, кои од каква било причина не се во можност да набават ваков билет. Преку својата објава тој ги повикува вистинските љубители и навивачи на клубот, во текот на денешниот …

Continue Reading

Нема интерес за спасители на вода на струшките плажи

Само две капалишта на струшкото крајбрежје имаат спасители на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, информира секретарот на Струшкиот Црвен крст Адуриме Даути. Обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја следеле деветмина, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, посочи Даути, во моментот на располагање имале 15-тина спасители …

Continue Reading