Без вода улицата „Стефан Јакимов Дедов“ и дел од „Владимир Полежиновски“

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје  известува дека денеска, од 11:35 часот, без вода ќе бидат корисниците од улицата „Стефан Јакимов Дедов“ и дел од „Владимир Полежиновски“ во Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради скината цевка на „Стефан Јакимов Дедов“ бб (спроти бараките на ЈП „Улици и патишта“). Корисниците ќе бидат без вода од 11:35 часот до завршување со санација …

Continue Reading

Запалено возилото на началникот на СВР-Штип

Рано изутрината на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ настанал пожар на возило марка „ауди5“, чиј сопственик е  началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата е од граѓанин во 03:01 часот. Веднаш е повикана Територијалната Противпожарната едница-Штип, на самото место интервенирале пожарникарите и не дозволиле огнените јазици …

Continue Reading

Намален водостојот на Преспанското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостоите на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, за 1,83 метри кај …

Continue Reading

Заловување на бездомни кучиња во општина Аеродром

Јавното претпријатие Лајка од денес започнува со стратешко заловување на кучиња во општина Аеродром. Нивните тимови, како што информираа од Лајка, ќе бидат на терен до петок во реоните Долно Лисиче, Горно Лисиче,  населба Лисиче, Ново Лисиче, Тодор Чангов, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Заловувачките тимови ќе ги заловат сите бездомни кучиња  во овие реони кои …

Continue Reading

Во Радовиш заврши изградбата на патот кој ги поврзува сите патни правци кон планината Плачковица

Завршија градежните работи за изградбата на локален пат-обиколница во должина од 905,66 метри во Општина Радовиш, со кој се поврзуваат сите патни правци кон планината Плачковица. Како што информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, изградбата на обиколницата е дел од проектот „Туризмот-иднината на регионот“. – Изградбата на овој пат, кој ќе ги поврзува сите патни правци кон …

Continue Reading

Концерт на „Леб и Сол“ на 5 август во Античкиот театар во Охрид

Најголемиот рок-бенд на сите времиња во Македонија, легендарните Леб и Сол, на 5 август ќе одржат голем концерт во Античкиот театар во Охрид. После фантастичната балканска турнеја, „Леб и Сол“ пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а тоа во комбинација со преубавиот простор и магичната сцена на Античкиот театар се гаранција за прекрасно музичко …

Continue Reading

Санкционирани 208 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопјe минатата недела санкционираа 208 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 10 до 16 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 97 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 111 …

Continue Reading

Гудачкото трио „Инвентио“ вечерва во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“

Годинашното фестивалско издание „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на италијанското трио „Инвентио“, со уметничките Јулиа Беринскаја и Валентина Данелон на виолина и Ана Серова на виола. Јулија Беринскаја е родена во уметничко и музичко семејство, нејзиниот раскошен талент е откриен на рана возраст од нејзиниот татко Сереј Берински, кој е еден од најзначајните композитори …

Continue Reading

Димитриевски учествуваше на Форум за развој на политики во Тирана организиран од ИРИ

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, викендов учествуваше на Форумот за развој на политики „Карпестиот пат на демократизацијата на Балканот“ во Тирана, Албанија на покана и во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), информираа од општина Куманово. Во соопштението се наведува дека на форумот се разговарало за актуелните состојби и за предизвиците со кои се соочува регионот. Во Тирана учествувале …

Continue Reading