Мицкоски ја посети општина Битола

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе  врши реалокација на средства од основниот буџет назад во општините и во тој план, годишно во Битола ќе се инвестираат по околу 11,5 милиони евра, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Битола. Мицскоски од својот домаќин, градоначалникот Тони Коњановски беше информиран за градежните работи во општината што се …

Continue Reading

Лишени од слобода четири лица од Гостивар за шест тешки кражби

Полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар, вчера во периодот од 13:30  до 16:40 часот, на улица „18 Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“, улиците „ЈНА“ и „Борче Велјановски“ во Гостивар ги лишиле од слобода лицата со иницијали Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар. Од МВР информираат дека лицата се сомничат за сторени шест тешки кражби во станови. …

Continue Reading

Министерот Николовски во Свети Николе ќе ги додели договорите за концесија на ловиштата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Свети Николе ќе ги додели договорите за концесии на ловиштата. Доделувањето ќе биде во просториите на Ловечкиот дом во Свети Николе, а министерот Николовски на настанот ќе има и обраќање.

Continue Reading

Дефект на приклучна цевка на улица во Стара скопска чаршија

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека нивни екипи  во текот на денешниот ден, по пријава од страна на граѓани извршија увид и констатираа дефект на приклучна цевка на ул. „106“ бб за истекување на вода и поплавување на еден локал во Старата скопска чаршија. -Имајќи предвид дека станува збор за локација со големо историско и културно значење, по …

Continue Reading

Нивото на Преспанското Езеро пониско за еден сантиметар

Нивото на Преспанското Езеро е пониско за еден сантиметар од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро промени на водостоите нема, покажуваат хидролошките мерења. Според УХМР, нивоата на трите езера се под просекот за јули. Кај водостоите на реките не се регистрирани поголеми промени.

Continue Reading

Апел до граѓаните на Општина Центар да пријават евентуален проблем со јавната чистота

Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги повикуваат граѓаните доколку имаат проблем со јавната чистота или кастрењето на дрвја во нивното маало тоа да го пријават. Пријавувањето, како што информираат од Општина Центар, може да се направи на мрежите Вибер или Ватс ап или телефонски на телефонскиот број 076 350 767 со праќање на фотографии со цел увид …

Continue Reading

За седум дена санкционирани 192 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар (ПОЦ) и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопјe за седум дена санкционираа 192 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Како што соопшти ПОЦ, од 17.07. до 23.07.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 89 непрописно паркирани возила, а со поставување …

Continue Reading

Утрово најсвежо во Берово

До 08:30 часот утрово најсвежо е во Берово, 13 степени, а максимални 21 степен се измерени во Крушево. Според УХМР, 15 степени е во Лазарополе, 16 во Крива Паланка и Битола, 17 во Тетово и Струмица, 18 во Скопје-Петровец, Охрид, Претор и Прилеп, 19 во Штип, Велес и Попова Шапка, како и 20 степени во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Виница, …

Continue Reading

Без вода дел од неколку улици во Општина Центар

Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од улиците „Борка Талески“, „Рајко Жинзифов“, „Апостол Гусларот“ и дел од ул. „Стефан Јакимов Дедов“ во Општина Центар. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот со водоснабдувањето е поради водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ бр.18, а ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Continue Reading