Голем пожар избувна кај Струмица

Голем пожар избувна денеска во 12:45 часот во атарот на село Костурино, кај Струмица. Горат запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми. Како што информираа од ТППЕ Струмица пожарот го гаснат пет противпожарни возила и 15 пожарникари. Посочуваат дека пожарот бил во разгорена фаза, но е спречено негово натамошно ширење кон околната шума. Причинета е значителна материјална штета, а екипите …

Continue Reading

Повторно во функција кујната во детското одморалиште во Охрид каде беше пријавено труење со храна

Повторно е во функција кујната во детското одморалиште во Охрид каде беа уништени повеќе од 200 килограми храна поради пријавено труење. Акцијата, како што вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, се спроведувала од 18 до 21 јули. -Уништивме млечни производи, преработки од месо, риба,…, буквално се што најдовме што не беше безбедно. Утврдена …

Continue Reading

Директорот на БЈБ Тасевски и стратешката група при Бирото во работна посета на СВР Штип и ОВР Свети Николе

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, заедно со стратешката група при БЈБ со работна посета на СВР Штип и ОВР Свети Николе, продолжија работните средби во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“. Во текот на посетата беше реализирана средба со раководството на овие организациони единици, но и на Регионалниот центар …

Continue Reading

Пензионери од Кавадарци и Неготино со барање за линеарно зголемување на пензиите

Пензионери од Кавадарци и Неготино денеска излегоа со барање за линеарно зголемување на пензиите, со тоа се придружија кон барањата на пензионерите од другите општини. Во Кавадарци беа нагласени неколку барања, испратени до соодветните институции. -Да се добива пензија сразмерно со издвојувањата што се правеле во фирмите каде се работело и најмалата пензија да изнесува 18.000 денари, се двете други …

Continue Reading

Заврши реконтрукцијата на улица „Даме Груев“ во Центар

Завршија реконструкцијата на улицата „Даме Груев“ од раскрсницата со улицата „Димитрие Чуповски“ до раскрсница со улицата „11ти Октомври“, која се одвиваше во две фази, соопштуваат од Град Скопје. Тие истакнаа дека оваа сообраќајница во централното градско подрачје била во лоша состојба и континуирано била посочувана од жителите коишто ја користат како опасност за учесниците во сообраќајот. – Со реконструкцијата на …

Continue Reading

Општина Кисела Вода и годинава ќе субвенционира набавка на огревно дрво

И оваа година, Општина Кисела Вода ќе субвенционира дел од трошоците на своите жители за купување на дрва за огрев. Право на користење на субвенцијата ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од 1 април годинава, сѐ до денот на објавување на јавниот повик, кој ќе биде распишан во октомври и ќе ги содржи сите потребни критериуми и информации, …

Continue Reading

И денеска успешен состанок помеѓу ЕВН и жители на Слупчане

Успешен состанок одржаа претставниците на ЕВН и жителите на Слупчане, потврдија за МИА од компанијата и од Oпштина Липково. На денешниот состанок се финализираат техничките детали поврзани со модернизирање на мрежата во селото. Во понеделник, ќе има уште еден состанок. -Денескa повторно се одржа успешен состанок меѓу претставници на ЕВН и претставници на селото Слупчане. На состанокот се финализираа техничките …

Continue Reading

Тетовско Сараќино и со новиот водоснабдителен систем има проблеми во водоснабдувањето

Жителите на тетовско Сараќино посочуваат дека и покрај новиот водоснабдителен систем што беше пуштен во употреба пред помалку од еден месец, повторно се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето. Според нив, вода или има во изобилие или имаат целосен прекин од по неколку дена. Надлежните велат дека проблемот е во тоа што новата пумпна станица влече вода од подземни извори, па …

Continue Reading

Прилепските пензиоери не отстапуваат од барањата за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите

Прилепските пензионери и денеска самоиницијативно се собраа пред нивното Здружение во центарот на градот. Тие продолжуваат со своите барања за линеарно, а не за процентуално зголемување на пензиите. – Не отстапуваме од нашето барање за линеарно зголемување на пензиите, и тоа по 3 500 денари, а не процентуално, зашто не може да бидеме граѓани од трет ред, ние, со ниски …

Continue Reading