Изложбата „Убавите жени“ на тетовскиот сликар Славчо Максимовски патува во Загреб

Изложбата „Убавите жени на мојот народ“ на академскиот сликар Славчо Максимовски од Тетово на 29-ти мај ќе биде поставена во Загреб, во културно-општествениот центар на македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ (сала „Тоше Проески“), со почеток во 19 часот. Со поддршка на Македонско – хрватското друштво од Тетово, концептот за „Убавите жени“ инспириран од песната на Блаже Конески, кој содржи …

Continue Reading

Македонскиот народен театар ве кани на несекојдневно доживување со македонската поезија ставена во современ музички контекст

В четврток на 8 јуни, со почеток во 21:00 часот на големата сцена ќе се одржи „Поетроника“, проект кој претставува повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо, а ќе биде изведен од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе како резултат на нивната посветеност и повеќемесечно експериментирање. Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско …

Continue Reading

Промовирана книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ од Теодор Богоевски

Промоција на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ од м-р Теодор Богоевски се одржа денеска во Музејот на соверемена уметност во Скопје. На промоцијата присуствуваа претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, пратеници, професори и други гости. Претседателот Пендаровски изрази надеж дека покрај промовирањето на книгата ќе се актуелизира и …

Continue Reading

Отворена изложбата на ликовниот уметник Горан Боев во Вински музеј Кавадарци

Слики портрети, пејзажи и апстракција, во акрил и комбинирана техника, се дел од изложбата на академскиот ликовен уметник Горан Боев, која денеска беше отворена во Вински музеј Кавадарци. Директорката на музејот, Весела Честоева појасни дека настанот е во чест на одбележувањето на 18 мај, меѓународниот ден на музеите, со поддршка од градоначалникот и Совет на општината Кавадарци. – Континуираното зголемување …

Continue Reading

Објавен е новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“

Во Прилеп од печат излезе новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“, кое е прв број за оваа година. Списанието ги донесува редовните рубрики. Во рубриката „Златен венец на Струшките вечери на поезијата“ може да се прочитаат најнови песни на годинешниот лауреат Влада Урошевиќ, а во рубриката „Поезија“ се застапени песните од поетскиот ракопис „Мед и младост“ …

Continue Reading

Изложба на Горан Боев во Вински музеј Кавадарци по повод светскиот ден на музеите

Изложба на академскиот сликар Горан Боев ќе биде отворена денеска во Вински музеј Кавадарци, по повод Светскиот ден на музеите. Ќе бидат изложени неговите најнови ликовни дела. Главно масла на платно создадени изминатиов период, кои ги карактеризира силна експресија и емоција, во кои уметникот експериментира со боите и концептите, за да создаде интензивни дела кои оставаат силен впечаток кај публиката, …

Continue Reading

МАКЕДОНСКИОТ СТРИП СЕ ПРЕТСТАВУВА ВО СОМБОР, РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Како почетен дел од 8миот Сомборски стрип фестивал од 15.05 ,(понеделникот) отворена е изложба на стрипови од актуелни македонски стрип автори. Наместо првично планираното,заради актуелната ситуација во Р.Србија изложбата е отворена за посетители од 15.05.2023 во детското одделение на градската библиотека „Карло Бијелицки“ во Сомбор. Изјава Томе Трајков- селектор и приредувач на изложбата ; ,,,“Организирањето на гостување на стрип центарот …

Continue Reading

Денови на романски филм во Кинотека

Со проекцијата на филмот „Луѓе од акција“ (Oameni de treaba / Men of Deeds), во понеделник, 22 мај, во Кинотека почнуваат Денови на романскиот филм. Манифестацијата е во организација на Романскиот културен институт, Амбасадата на Романија и Кинотеката. „Луѓе од акција“ е романско-бугарска копродукција од 2022 година, во режија Паул Негоеску (Paul Negoescu). Автори на сценариото се Раду Романјук и …

Continue Reading

„М“ на Вардан Тозија со проекција на Канскиот филмски фестивал

Агенцијата за филм на Северна Македонија соопшти дека и оваа година ќе биде присутна на Канскиот филмски фестивал, кој се одржува од 16-ти до 27-ми мај. Во рамки на фестивалот, проекција утре ќе има долгометражниот филм на Вардан Тозија насловен како „М“ во продукција на „Фокус покус филмс“, односно во во копродукција меѓу нашата држава, Хрватска, Косово и Франција. Исто …

Continue Reading