Штипскиот Центар за култура ќе има галерија „Макфест“

Центарот за култура „Ацо Шопов“ ќе има галерија „Макфест“. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков вели дека во оваа галерија ќе има  амтеријали и документи од основањето, како и плакати, статуетки и награди од реномираниот Фестивал, коишто ќе бидат достапни за посетители, а истовремено ќе биде кафе-галерија во која ќе се слушаат најголемите „Макфест“-хитови. -Веќе сме разговарале …

Continue Reading

Заврши снимањето на краткометражниот игран филм ,,Ракетно моделарство”

Играниот филм е работен по сценарио и режија на Златко Калеников, а во продукција на Стримон Филм Скопје „Ракетно моделарство” е краток филм кој обработува тема од детскиот живот каде сите ние сме биле некогаш под нечие влијание. Децата се најмногу изложени, поготово во денешницата. Влијание на деликвенти, влијание на постари деца, влијание на средината, наркотици. Филмот е за конфликт …

Continue Reading

Со пет награди, претставата „My name is Medeja“ е најдобра на годинашниов театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Претставата на битолскиот театар „My name is Medeja“ е најдобра претстава  на годинашниов 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од 9 до 16 јуни се одржуваше во Прилеп. Оваа претстава освои вкупно пет награди меѓу кои и за најдобра режија, за режисерот Себастијан Хорват и за главна женска улога за Илина Чоревска, за улогата Медеја во претставата. Дамјан Цветановски …

Continue Reading

Заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“

Со детската театарска претстава „Во домот на Волшебникот“, што се одигра синоќа, заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“, кој годинава се одржува под мотото „Фестивалска магија цело лето“. Од почетокот на фестивалот на 6 јуни, се одржаа седум рекреативно-спортски и културни настани, а „Струмица опен“ продолжува на 26 овој месец. – Планираните програмски содрини во целост се реализирани и …

Continue Reading

Напладне ќе се знаат најдобрите, вечер се затвора МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со доделување на наградите на најдобрите и со претставата во чест на наградените „Последниот балкански вампир“, според текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, а во изведба на Српското народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, вечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе заврши 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Денеска напладне …

Continue Reading

Изложба 20 години Арт Поинт – Гумно: „Убавина уловена пред да исчезне“

Со голема ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој, Арт Поинт – Гумно, од село Слоештица, Демир Хисар, што ќе биде поставена во Офицерскиот дом во Битола, започнува чествувањето на 20-годишното креативно делување на центарот. Како што информираат организаторите, од гумното во Слојштица во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола ќе …

Continue Reading

Во Отешево Регионална ПЕН-конференција, во организација на Македонскиот ПЕН-центар

Редовна биенална 19-та по ред Регионална ПЕН-конференција, во организација на Македонскиот ПЕН-центар, од денеска до понеделник ќе се одржи во Отешево, Преспа. Програмата на конференцијата содржи тркалезна маса на тема „Природата на пишувањето – пишување за природата“ на која со свои излагања и дискусии ќе настапат претставници од повеќето ПЕН-центри од регионот. Покрај тоа ќе се одржи и состанок на …

Continue Reading

Јубилеј во Куманово по повод претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски

Одбележуваме 95-години од првата изведба на театарската претстава „Бегалка“, или „Ленче кумановче“, и 52 години од изведбата на веќе култната претстава во Театар Куманово. Безвременско ремек дело во македонската култура на нашиот драматург, есеист и критичар Васил Иљоски. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска им врачи признанија на актерите од претставата „Бегалка“. – По повод претставата „Бегалка“ која е изиграна …

Continue Reading

Книги на „Македоника литера“ на Саемот на книгата во Пекинг

На штандот на издавачот „Делфин книги“ на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг, Кина, меѓудругото, изложени се изданија на „Македоника литера“ на македонски јазик. Саемот почна денеска, а ќе трае до недела, 18 јуни. „Македоника литера“ соопшти дека во соработка со својот партнер „Делфин книги“ од Пекинг, специјализиран издавач за литература за деца, кој работи во рамките на корпорацијата ЦИЦГ …

Continue Reading