Шести фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2023“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје утре ќе се одржи завршната манифестација на шестиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2023“. На свеченоста ќе биде промовирана збирката со поетски творби и ќе им бидат поделени признанија на сите 92 застапени автори, како и благодарници на помагатели и учесници. По распишаниот конкурс за објавување поетски творби во збирката, аплицираа 172 …

Continue Reading

Саем на книга на „Култура“ во Делчево

Богата понуда на книги меѓу кои и дела од авторката Милијана Павловска денес понуди Саемот на книга на издавачката куќа „Култура“ во Делчево. Саемот е во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево чиј директор Биљана Петровска ги повика читателите да го посетат и да поразговараат со творештвото на Павловска. -Издавачката куќа „Култура“ конечно со свој саем на книги …

Continue Reading

Изложба на сликари од Кавадарци

Во паркот на книгата на Матица Екслузив од Скопје, вечер со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложба на сликари од Кавадарци, проследена со поетски настап на автори од овој град. Настанот, како што најавуваат издавачите ќе биде збогатен со музика, посветена на љубовта и на виното. Специјален гостин на вечерта ќе биде Драган Мијалковски.

Continue Reading

Бужаровска: Успехот на книгите во Грција ги надминува сите националистички приказни, постои искрена желба за љубов и пријателство

Едно од најголемите задоволства ми е успехот на моите книги во Грција, бидејќи ги надминува сите националистички приказни и сите болки кои досега сме ги имале, се отвора една љубов, едно вистинско пријателство, гледам дека постои една глад кон тоа да се дознае кој е нивниот северен сосед, истакнува за МИА македонската писателка Румена Бужаровска по уште едно успешно претставување …

Continue Reading

„Европски сон“ премиера на Тетовски Театар

Тетовски Театар вечерва од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Европски сон“ по текст на Јетон Незирај, а во режија на Блерта Незирај. Главните улоги ги толкуваат Арлинд Селими, Бурхан Амити, Јетмир Арифи, Линда Шабани, Мерита Лимани Мустафа и Шкумбин Зеќири. – „Европскиот сон“ е трагично-комична приказна за пропаднат сон. Пери, ликот на оваа драма, предводен од надежта за …

Continue Reading

Костадиновска Стојчевска: На 13 јули трите земји од Отворен Балкан заеднички ќе се претстават преку уметноста во Париз

Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започна во вторникот во Белград со реализација со гала концерт на Зубин Мехта на одбележување на стогодишнината од Белградската филхармонија и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, по што ќе следи гостување во Тирана и на 24 јуни во Скопје. Дописникот на МИА во Белград, по тој повод направи интервју …

Continue Reading

Фотографска изложба „Родовите приказни низ објективот“ на Ерина Богоева

Во „Мала станица“ во Скопје денеска ќе биде отворена фотографската изложба „Родовите приказни низ објективот“ на Ерина Богоева. Како што најавија од Europe House Скопје, поздравни обраќања ќе има евроамбасадорот Дејвид Гир, како и авторката на изложбата. Ерина Богоева е реномирана фотографка која се истакна со својата уникатна способност да го прикаже секојдневниот живот и личните приказни на луѓето. Во …

Continue Reading

Конзервација на палатата на локалитетот „Билазора“

Во тек е конзервацијата на палатата на локалитетот „Билазора“ во Свети Николе, која ја реализираат тимови од Завод и музеј на град Штип и Филозофски факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје. Професорот Драги Митревски изјави дека досегашните истражувања зборуваат оти овде градбата започнала околу петти век пред нашата ера, а веќе во четвртиот век е во полна …

Continue Reading

Театар, работилници и музика на „Битола Шекспир фестивал“

„Битола Шекспир фестивал“ годинава се одржува под мотото „Судбината за играчка не има“, реплика на Ромео со која се потврдува големината на Шекспир. Репликата напишана пред многу години звучи автентично како да е кажана денес, истакна Илина Чоревска на прес конференција во Битола во пресрет на фестивалот посветен на Шекспир кој викендов ќе биде отворен со претставата „Макбет“ , компилациски …

Continue Reading