Доделени 67 договори за локални манифестации, саеми и фестивали со 10 милиони денари од МЗШВ

За 67локални манифестации, саеми и фестивали денеска беа доделени договори за финансиска поддршка од Министерството за земјоделство и шумарство. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски информираше дека за оваа финасиска поддршка се одвоени 10 милиони денари. Тој на доделувањето на договорите изрази задоволство што оваа година се опфатени поголем број локални настани кои се со промотивен карактер и …

Continue Reading

Бектеши: По направените анализи ќе се носи одлука дали ќе има ново замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот

Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата – 20 мај, тој повтори дека кризата нема да биде на товар на граѓаните …

Continue Reading

Бектеши: Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат, проектот ќе се реализира

Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат и проектот ќе се реализира, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашања во однос на очекувањата од Државната комисија за спречување корупција да реагира за предложените законски измени, на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 Мај, Бектеши рече дека враќање назад нема …

Continue Reading

Бектеши: Нафтените деривати во државата се со добар квалитет

Нафтените деривари кои се користат во Северна Македонија се со добар квалитет согласно правилникот за течни горива, кој е во согласност со оној на Европската унија. Тоа го посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 мај. Според ресорниот министер, Бирото за метрологија во чија надлежност се лабараториите за проверка на квалитетот во …

Continue Reading

Во април годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 6,3 проценти на вкупната кредитна поддршка

Народната банка во април регистрира годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 6,3 проценти на вкупната кредитна поддршка. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,6 проценти, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.  Годишниот пораст на кредитите од 6,3 проценти е резултат на повисокото кредитирање на …

Continue Reading

Митреска: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените

Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата, истакнала вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. Според последните оцени, како што посочила, се очекува …

Continue Reading

СКСМ со девет предлог енергетски мерки до државните институции надлежни во енергетиката

Девет предлог мерки кои државата треба да ги преземе за да се поддржи економијата во енергетска криза се испратени од Стопанска комора на Северна Македонија (СКСМ) до сите државни и јавни институции кои имаат надлежност во енергетиката. Дописот со мерките кои ги предлага бизнис заедницата, соопштија денеска од СКСМ, се адресирани до Владата, Министерството за економија, АД ЕСМ, АД МЕПСО, …

Continue Reading

Ивановска: ДКСК го доби Договорот со „Бехтел и Енка“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот и веќе формирала тим од четворица советници за анализа на предметот. -Го побаравме …

Continue Reading

Бесими: Имаме солидна основа да дојдеме до системско и одржливо решение за платите во јавниот сектор

Имаме солидна основа да дојдеме до системско и одржливо решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор. Станува збор за голема реформа која не може да се реши ад хок, туку ќе се решава системски преку дијалог со синдикатот како партнер во овој процес. Владата дава поддршка за решавање на овој процес, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во …

Continue Reading