Грин Машинс на Брако на саем во Тексас – Одлични македонски возила за уште поквалитетно живеење во американските урбани средини

Софистицираните и најсовремени возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од линијата Грин Машинс се претставија на „111-та годишна конференција и саем“ во организација на Лигата на општини во Тексас, која се одржа во Далас. Стручниот тим од американската филијала на Грин Машинс во САД, во соработка со тим од IDS – една од најголемите компании во …

Continue Reading

Казни без селекција за тие што не ги почитуваат одлуките, нема да има зголемување на цените, уверува Државниот пазарен инспекторат

Државниот пазарен инспекторат известува по реакциите на граѓаните, на општата и стручна јавност, во врска со зголемување на цените кои се пласирани во јавност деновиве, дека зголемување на цените на основните прехрамбени производи нема да има. Пазарниот инспекторат ќе продолжи, како што велат од оваа институција, да постапува по веќе донесените одлуки на Владата за намалување на цените. „Ќе проверуваме …

Continue Reading

51та Европска конференција на млади инженери во Скопје домаќин на стотина млади од Европа

Вчера под покровителство на претседателот Стево Пендаровски свечено започна 51та Европска конференција на млади инженери, чиј домаќин по вторпат е Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија, а со учество на стотина млади инженери од Европа и Македонија. Оваа конференција е можност македонските компании и нашите млади инженери, веќе истакнати професионалци, да ги прикажат пред европската јавност своите …

Continue Reading

Халкбанк го прославува месецот на штедење и ги мотивира младите штедачи и нивните родители

Сон на секој родител е на своето дете да му обезбеди сигурна иднина. А тоа многу полесно може да се постигне доколку од најрана возраст на детето се почне со штедење. Со одвојување дури и мали износи, додека детето да наполни 18 години може да се заштеди сума која би можела да  покрие најразлични трошоци, како на пример трошоци за …

Continue Reading

Битиќи – Бауер: Силна поддршка од УНФПА за изработката на Националната развојна стратегија на Македонија

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денес се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Битиќи и Бауер разменија мислења околу можностите за понатамошно унапредување на партнерството и соработката помеѓу Северна Македонија и УНФПА, посебно во делот во зајакнувањето на демографската отпорност, родовите прашања, младите и нееднаквостите. …

Continue Reading

Дали ќе имаме ефтини летови и во иднина и колку глобалните текови влијаат на цените на билетите за авио превоз?

Според одредени извори, вклучувајќи го и американскиот Блумберг магазин, регулативите кои влијаат на намалување на јаглеродниот отпечаток на Европа ќе влијаат на намалување на можностите за ефтини летови. Иако верувавме дека по заздравувањето од Ковид пандемијата, авио летовите повторно ќе се вратат на нивните ниски цени, можно е тоа да не се случи. На цените на билетите, може да влијаат …

Continue Reading

Мазутот со намалена цена, бензините и дизелот остануваат непроменети

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% во однос на одлуката од 5.10.2023 година. Од 7.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар) …

Continue Reading

Бислимоски: Евтина струја до 10. декември ќе имаат најголем дел од домаќинствата

Евтината тарифа почнува со примена од 1 декември од 13 до 15 часот, и во првите десет дена од декември најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап до неа, објави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Тој рече дека евтината тарифа ќе биде одлична вест за граѓаните, особено за пензионерите кои кажале дека многу им помага во нивниот …

Continue Reading

„Скопјани ќе имаат парно“ – Бислимоски уверува дека нема да има ценовни шокови

Скопје и со постоечката инфраструктира со двете топлани и без било кој цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем. Да не се шири фама дека Скопје би останал без топлинска енергија, изјави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски за монтирањето на новиот топловод под мостот „Беласица“. „Поентата на сето тоа …

Continue Reading