Во периодот од 1 јануари до 30 септември 2025 година Жито Лукс оствари раст од 4% во обемот на продажба, како резултат на континуирано зголемената побарувачка за производите од своето бренд портфолио. Добивката пред оданочување изнесува 23 милиони денари, што претставува благо намалување во однос на истиот период лани, поради пораст на трошоците за основни суровини, енергија и работна сила.
Побарувачката на добро познатите и препознатливи производи на компанијата се зголемува, што ја потврдува довербата на потрошувачите и понатамошното зајакнување на позицијата на Жито Лукс на пазарот.
„Остварените резултати ја рефлектираат нашата фокусираност кон современиот потрошувач. Продолжуваме да инвестираме во развој на производи со повисока нутритивна вредност согласно светските трендови и потребите на нашите потрошувачи. Тековните инвестиции во ефикасност и иновации се темел на долгорочниот и одржлив раст на компанијата“, истакнуваат од менаџментот на Жито Лукс.
Во следниот период, компанијата ќе продолжи да работи на оптимизација на трошоците, подобрување на оперативната ефикасност и зајакнување на пазарното присуство. Во фокус останува развојот на иновативни производи, модернизирање на процесите како одговор на променетите навики и очекувања на потрошувачите.
Со стабилен и силен бренд, лојална база на потрошувачи и јасна развојна стратегија Жито Лукс влегува со позитивни очекувања во последниот квартал од 2025 година .