Второ издание на настанот за вмрежување на млади претприемачи од Балканскиот регион “Your Network is Your Net Worth”

Pokana.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со големо задоволство ве информираме дека по втор пат ќе се одржи настанот за вмрежување “Your Network is Your Net Worth,” кој веќе стана еден од најзначајните настани за млади претприемачи во регионот. Оваа иницијатива ги спојува забавата и едукацијата, а акцентот е ставен на креирање на нови деловни врски и можности за соработка меѓу младите претприемачи од Балканот.

 



Организатор на настанот е Унијата на млади претприемачи Phoenix Rising од Македонија, како дел од проектот “Balkan Entrepreneur Bridge”, во соработка со Униите на млади претприемачи од Црна Гора и Србија.

 

 

 

Програмски активности:

 

BEB Talk: Панел дискусија за можностите на младите претприемачи во Балканскиот регион и значењето на регионалната соработка. Панелисти се:

Ивона Трајановска, Претседател на Унијата на млади претприемачи Phoenix Rising

Урош Буалтович, Претседател на Унијата на млади претприемачи на Црна Гора

Александар Горачинов, Директор на СМЕ Хаб Србија

Театарски перформанс: На тема “Успешен претприемач,” ќе настапат актерите Марија Лазарова и Јасмин Рамани од Театарот Отпишани, со хумористичен приказ на реалноста на младите претприемачи на Балканот.

Q&A со Аватар: Присутните ќе имаат уникатна можност да поставуваат прашања за бизнис стратегии на Аватар со вештачка интелигенција, создаден специјално за овој настан.

Музика и забава: Забавата ќе продолжи со настапот на Лара Иванова и DJ Дарко Irie Scratch, додека гостите ќе можат да уживаат во уникатниот сладолед од Scoop Artisan Gelato.

Наградна игра: Настанот е надополнет со наградна игра која вклучува подароци и ваучери од членовите на Унијата Phoenix Rising.

 

Во рамки на настанот ќе биде потпишан и договор за соработка помеѓу Унијата на млади претприемачи Phoenix Rising и Start Up Club Skopje, со цел унапредување на иновативноста и стартап културата во Македонија.

Овој настан е поддржан од Western Balkans Fund, ЕБРД, Халк Банка и RECONOMY.

Настанот ќе се одржи во Трибека Кафе во ТЦ Diamond, на 04.10.2025 од 15 часот до 18 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK