Вранец без сулфур диоксид на винаријата „Брзанов“ избрано за најдобро органско вино на Балканот

Vranec-na-Brzanov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најдобро органско вино на Балканот за 2024 година е Вранец на винаријата „Брзанов“ од Скопје. Трофејот го доби во конкуренција од над 1200 вина од Турција, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Грузија и Украина на 13. Балкански меѓународен вински натпревар и фестивал кој се одржа во Турција и во Бугарија.


„Среќен сум што објавувам дека Вранец органски еликсир 2020 без сулфур диоксид трофеј најдобро органско вино во балканскиот регион за 2024 година. Ова е нашата втора награда за трофеј по најдоброто суво црвено вино 2021 за Занаетчиска Сира 2016“, објави Антониот Брзанов, сопственик на винаријата  „Брзанов“.

По наградата, најави дека ќе го зголемат нивното органско производство со повеќе сорти грозје.

Винаријата постои од 2004 година, има капацитет од 50.000 литри и има над 27 етикети бели, црвени, оринџ, ликерни и органски вина.

На годинашниот балкански вински натпревар заедно во Вранецот на Брзанов, наградени беа 162 македонски вина.  

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK